Група крадци денес изведоа спектакуларна кражба на северот на Италија, во текот на која блокираа автопат, запалија шлепер и со експлозија разнесоа возило кое пренесувало пари.
Вооружени членови на банда во спектакуларната кражба однеле два милиони евра, јави италијанската новинарска агенција АНСА.
Полицијата соопшти дека никој не е повреден. Претставник на компанијата за транспортен превоз Марко Мелати изјави дека вооружените напаѓачи блокирале два камиони Аутостради А9, кои се упатиле во близина на градот Сароно, во Швајцарија.
Елена Георгиевска