„Шпигел“: Германија и должи на Грција 162 милијарди евра

Од:

Долгот на Германија кон Грција од Втората светска војна изнесува 162 милијарди евра, од кои 108 милијарди евра за изградба на разурнатата инфраструктура и 54 милијарди евра окупацискиот кредит, што грчката влада била принудена да го даде во периодот од 1942 до 1944 година, објави германскиот весник „Шпигел“.

Вкупната сума од 162 милијарди евра е еднаква на 80 проценти од сегашниот бруто домашен производ на Грција, и ако тие средства бидат исплатени ќе се покрие поголем дел од државниот долг на земјата.

Германската Влада оценува дека не станува збор за компанзации на Грција, додека прашањето за грчката Влада е „исклучително чувствително“ и оти тоа може да ги наруши односите на Атина со најважниот кредитор во Европа.

Грчки експерти го проучувале прашањето, а според нивниот извештај Грција не добила компензации ниту за окупацискиот кредит, ниту пак за злосторствата направени кон нејзиниот народ за време на нацистичката окупација на земјата. Извештајот е заснован на 761 том архивски материјал – договори, законски акти и судска решениа.

„Шпигел“ тврди дека извештајот го добил и грчкиот премиер Андонис Самарас.

Политичките аналитичари посочуваат дека грчката Влада избегнува избегнува конфликт со Германија.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина