Жерновски до Мицкоски: Да се прикажуваш како херој преку објавување на лажни вести е во најмала рака- жалосно

Од:

Во ситуација, кога се соочуваме со смртоносна пандемија која не познава полова, верска, национална или политичка разлика, секојдневно да го напаѓаш министерот за здравство, да шириш дефетизам и да се прикажуваш како херој преку објавување на лажни вести е во најмала рака- жалосно, напиша заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на својот фејсбук профил.

СРАМОТА !!!Во времиња кога би било нормално да водиме политичка битка, прагматизмот би ме натерал да се радувам на…

Posted by Andrej Zernovski on Сабота, 04 април 2020

Тој објави и слики од статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и објавата на словенечкото министерство за одбрана во врска со хуманитарната помош од Словенија за Северна Македонија.

– Во некои други времиња, политичкиот прагматизам би ме натерал да се радувам на оваа инфантилна постапка и лага на првиот човек на опозицијата, напиша Жерновски.

Министерство за одбрана на Република Словенија објави дека во договор со македонското министерство за одбрана, со специјален лет е доставена хуманитарна помош за земјава, а Мицкоски претходно оваа помош од солидарниот фонд на ЕУ за КОВИД 19 и логистичката поддршка на НАТО, ја препиша како своја заслуга.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски