Чулев: Досега на 2405 лица им се издадени решенија за изолација, 9793 пополниле изјава за самоизолација

Од:

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, преку својот фејсбук профил изрази благодарност до граѓаните кои го почитуваат полицискиот час. Тој наведе дека од воведувањето на мерките за ограничување на движењето на граѓаните, вкупно 1322 лица не го почитувале полицискиот час, од кои 519 се приведени.

Чулев кажа дека до Основното јавно обвинителство досега се поднесени 483 кривични пријави и 73 известувања.

Во однос на решенијата за изолација, министерот информираше дека досега на 2405 лица им се издадени решенија за изолација, а вкупно 9793 лица пополниле изјава за самоизолација.

Заклучно со денес во вкупно 25 објекти, сместени се 2099 лица во државен карантин, додаде Чулев.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски