Бројот на луѓе кои се идентификуваат како жртви на трговија во Европа е зголемен за речиси половина меѓу 2015 и 2018 година, соопшти Советот на Европа.
Најмногу идентификувани жртви на трговија со луѓе во 2018 година пријавила Велика Британија (6.993), а потоа следат Франција (2.819), Италија (1.373), Холандија (668), Романија (497) и Бугарија (443).
Според последниот извештај на група експерти на Советот на Европа за борба против трговија со луѓе (ГРЕТА), во 47 европски земји во 2018 година се идентификувани 15.310 жртви на трговија со луѓе во однос на 10.598 случаи во 2015 година, што претставува зголемување од 44 проценти.