Италијанските власти уапсија 37 лица под обвинение за поврзаност со сицилијанската мафија, а меѓу нив е и градоначалникот на Монтелепре, соопшти денеска полицијата.
Апсење поради организираниот криминал и уцени наредила Канцеларијата за борба против мафијата во Палермо во рамките на разбивање на мрежата за контрола на бизнисите во градовите околу поголемите градови на Сицилија.
Меѓу уапсените е и градоначалникот на Монтелепре, град познат по покојниот криминалец Салваторе Џулиани наречен Робин Худ.
Истражниот судија Франческо Месинео изјави дека властите во две општини биле под големо влијание на мафијата.
Италијанската полиција мминатата година заплени досега најголем имот на мафијата во вредност од вкупно 1,3 милијарди евра.