Побарана казна од илјада евра за непочитување на полицискиот час во Гевгелија​

Од:

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлог за изрекување казна од 1 000 евра против едно лице за нарушување на полицискиот час.

– Обвинетиот, на 26 март во 02:45 часот, за време на полицискиот час бил затекнат со автомобил кај клучката Прдејци. Со ова тој не постапил според прописите со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на опасната болест Ковид-19, односно не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, информираат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 10 евра во денарска противвредност.

Лицето се товари за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно