Општина Крушево набавува средства за дезинфекција и заштитна опрема

Од:

По дезинфекцијата во населените места и во град Крушево, обезбедувањето маски и ракавици за локалнтие бизниси, општина Крушево веќе набавува и други средства за дезинфекција, заштитни маски, ракавици, скафандери и друго.

„Набавката во износ од над 52 000 денари и истата вклучува 300 маски, 1 000 ракавици, 200 заштитни скафандери, 100 заштитни наочари, 500 парчиња заштита за нозе и стапала е во тек. Покрај ова градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски од лични средства набавува дополнителни опрема и средства со цел преземање позасилени мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.

Мал дел од набавката веќе е набавена, а дополнително се очекува целосна реализација. Денес се реализира уште една набавка од 400 маски, а првите заштитни скафандери веќе пристигаат“, соопштуваат од Општина Крушево.

Би можело да ве интересира

Спасен е параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо 30 метри во близина на Крушево

Горан Наумовски

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома