Локалната самоуправа на Општина Кратово ќе ангажира осум лица за поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со попреченост и други ранливи категории нејзини граѓани како одговор на спревување со Ковид-19.
Лицата ќе бидат реангажирани преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
– Ангажираните лица ќе формираат мобилни тимови што ќе ги спроведуваат следните активности: поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со попреченост и други ранливи категории, помош за набавка на потребни намирници, добавување медицинска терапија- лекови од аптека и плаќање на тековни сметки за вода, струја, телефон, информира службата за комуникација со јавност при Општина Кратово.
Активностите на тимовите ќе започнат од вторник, 7 април, а сите жители кои имаат потреба од вакви услуги можат да се обратат на телефонскиот број 071 379 467 или во просториите на Општината.