МВР: На 91 лице издадени решенија за изолација, 23 потпишале изјава за самоизолација

Од:

Како што информира Министерството за внатрешни работи, според нивните статистики во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале изјава за самоизолација.

– Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лицата во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај, едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом, велат од МВР.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он