55 семејства со итна социјална и здравствена потреба ќе добијат еднократна финансиска помош од Општина Центар

Од:

Комисијата за социјална и здравстена заштита на Општина Центар одржа електронска седница за доделување на финансиска еднократна помош за социјално загрозени семејства и лица жители на Општина Центар кои имаат лоша здравствена состојба.

Овие финансиски средства се одобрени врз основа на пристигнати барања од страна на жителите на општината.

„Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат овие лица, 55 семејства со итна социјална и здравствена потреба ќе добијат еднократна финансиска помош од Општина Центар со вкупен износ од 555.000,000 денари“ – изјави Саша Богдановиќ.

Покрај овие вонредни мерки, Општина Центар во соработка со невладината организација „Банка за храна“ и Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ се мобилизираа заради обезбедување помош и донација на семејства кои живеат во социјален ризик,нехумани услови и секојдневна борба со сиромаштијата. Мобилните тимови почитувајќи ги сите мерки на претпазливост и заштита од КОВИД 19, им доставуваат пакети прехранбени продукти, медикамементи и останати неопходни средства до нивните домови.

Помош и поддршка им се пружа на сите стари и изнемоштени лица над 60 години кои се жители на Општина Центар. За да не се изложуваат на дополнителна опасност и како најзагрозени и во најголем ризик од коронавирусот, мобилните тимови секојдневно се на терен за да им ја обезбедат потребна помош на овие лица.

Отворен е Јавниот повик за доделување субвенции за проектот „Сервис за стари лица“ за жителите на Центар кои се постари над 60 години, соопштува Општината.

„Би сакал да апелирам до сите хумани граѓани и општествено одговорни компании да се вклучат во хуманитарните акции и заеднички да им помогнеме на нашите сограѓани. Сите заинтересирани можат да ни се обратат на телефонскиот број 076 313 383“ – изјави градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски