СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски фонд, а не сакаат да се откажат од државното финансирање

Од:

„И во време на најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да посегнат по парите на граѓаните.

Предлогот на Мицкоски за префрлање на средствата од приватниот пензиски столб во државниот е чиста национализација. Во вториот столб свои средства имаат над 500.000 луѓе и никој не смее да се впушти во таков интервенционизам без да ги праша тие луѓе“, велат од СДСМ.

„Очигледно дека навиката во белиот сворец, само да земаат а да не се откажат од ништо се уште е присутна и во вакви кризни времиња.

Наместо да предлагаат национализации на пензиските фондови, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да се откажат од парите што партијата ги добива од Буџетот а ослободените средства да се искористат за побрзо справување со здравствената и економска криза.

Сега, кога државата се соочува со најголемата здравствена и сериозна економска криза, потребена е солидарност од сите, но тоа не јавноста не го гледа од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која останува доследна на својата матрица да им ги зема парите на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он