Трајковски почнува со реализација на ветените проекти во Гази Баба

Од:

Изградба на ново основно училиште во населбата Железара, фекална и водоводна канализација во неколку населени места и мултифункционално игралиште во населбата Керамидница се дел од проектите што ќе се реализираат во текот на овој месец во општина Гази Баба.

Градоначалникот Тони Трајковски денеска на прес-конференција најави потпишување на договор со Светска банка за изградба на основното училиште „Глигор Прличев“ во вредност од 91 милион денари, изградба на улица која ќе ги спојува улиците Методија Андонов Ченто и Сречко Пужалка, како и фекална канализација за населените места Трубарево и „Гоце Делчев“ и замена на водоводната мрежа во Стајковци.

– Тоа што уште во првиот круг се избра градоначалник во општина Гази Баба и убедливо мнозинство во Советот претставува уште поголема обврска веднаш да почнеме да ја реализираме ветената програма, рече Трајковски, заблагодарувајќи им се на граѓаните за укажаната доверба уште во првиот круг од локалните избори.

Во текот на овој месец планирано е да се отвори и шелтер центар за згрижување на жртви од семејно насилство. Објектот е во вредност од 1,7 милиони денари и се гради со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и УНДП.

Покрај ова, во април треба да заврши и проектот за замена на уличните светилки со енергетки ефикасни со што ќе се заокружи целиот процес на замена на 6.600 светилки. Планирана е и изградба на парк пред културниот дом во населбата Ченто.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука