ВМРО-ДПМНЕ во Струга поднесе 20 приговори за вчерашното гласање

Од:

По синоќешната прослава на победата на Зијадин Села, кандидатот за градоначалник на Општина Струга од ДПА, утрово во градот беа поставени албански знамиња на повеќе приватни објекти, како и во Паркот на поезијата.

Според првичните официјални податоци од Државната изборна комисија од обработените 70 отсто од избирачкиот материјал во вториот круг, кандидатот за градоначалник од коалицијата на македонскит еполитички партии Владимир Кочоски освои 15.276 гласови, а кандидатот на ДПА Села 20.770 гласови.

Од разграноците на македонските партии велат дека во текот на вчерашното гласање во Општина Струга биле регистрирани бројни нерегуларности на гласачките  места, а најголемите забелешки се однесуваат на групно гласање, како и непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица на избирачките места во селото Лабуништа. Набљудувачите од македонските партии забележале и случаи на семејно гласање и јавно гласање и на гласачко место во селото Велешта.

Претседателот на Општинската изборна комисија Струга Џенгис Хани информира дека досега поднесени се 20 писмени забелешки од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

– До Општинската изборна комисја се поднесени околу 20 приговори.Тие се примени во општинската комисија, архивирани, по еден примерок се дадени на политичките партии за да можат понатаму тие да ја следат процедурата како што треба. Од ВМРО-ДПМНЕ политичката партија се поднесени сите дваесет приговори, вели Хани.

Деталите од вчерашниот втор изборен круг во Струга, се очекува да ги соопштат двете најголеми партии до македонскиот политички блок, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, на заедничк апрес-конференција.

На 78 избирачки места во струшката општина гласаа над 64 проценти од вкупниот број гласачи регистрирани во Единствениот избирачки список.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски