До крајот на месецот Кипар ќе ги исцрпи паричните резерви. Владата не подготвува и нема „план Б“, изјави денеска пред парламентарната финансиска комисија министерот за финансии, Харис Јоргиадис.
Јоргиадис наведе дека исполнувањето на договорот со меѓународните кредитори и останувањето на Кипар во еврозоната и во Европската унија не е доведено под сомнеж.
– Излегувањето на Кипар од зоната на единствена валута еднакво е на кратење на депозитите не само во Бнката на Кипарт и на Кипарската народна банка, туку и на целата економија, која ќе се врати назад со векови, истакна Јоргиадис.
Кипарската Влада сака процедурите на Банката на Кипар да бидат финализирани и да бидат олеснети мерките за движење на капиталот.
Пред парламентарната финансиска комисија денеска се обрати и директорот на Централната банка на Кипар, Паникос Димитриадис. Тој наведе дека колку средства ќе бидат потребни за рекапитализација на Банката на Кипар ќе биде познато во јуни.