Жерновски: Ова е последното нагрдување на општина Центар

Од:

Андреј Жерновски, кандидатот за градоначалник на коалицијата „Сојуз за иднината“ за општина Центар, денеска го повика неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ да излезе и да му ја честита победата и во среда да има примопредавање на градоначалничката функција. Во спротивно ќе смета дека и тој е дел од, како што наведе, целото сценарио, а досега повикувал на коректна кампања.

– Сакам да ја повикам владеjачката партија да ја прифати реалноста во општина Центар, дека изгубија и во првиот и во вториот круг. Волјата на жителите на Центар е јасна, а тоа е дека по 13 години опозицијата конечно ја презеде власта, изјави Жерновски пред општина Центар.

Што се однесува до поставувањето на новите 10 споменици, изрази револт затоа што, како што посочи, тоа се случува веднаш откако станало јасно дека тој победил во Центар.

– Ова е последното нагрдување на општина Центар. Од утре ниту еден сантиметар од Општината нема да се моделира во нешто друго без да се прашаат граѓаните, изјави Жерновски.

Ја повика и администрацијата да се однесува професионално и да не подлегне на, според него, притисоците кои се вршат врз неа за изнесување документи. Тој информира дека ВМРО – ДПМНЕ вчера поднела 49 жалби за изборите во општина Центар.

На барање на новинарите да го коментира присуството на претседателот на ДИК Борис Кондарко синоќа во штабот на СДСМ, наместо во прес – центарот на Комисијата, Жерновски меѓу другото одговори дека за тоа како ја врши својата работа ДИК, треба да кажат оние што ја набљудуваат.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски