Во Шенжен наскоро забрана за консумирање месо од кучиња и мачки

Од:

Во кинескиот град Шенжен од 1 мај ќе биде забрането консумирање на месо од кучиња и мачки. Тоа се дел од мерките преземени поради спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Научниците се сомневаат, уште на самиот почеток на пандемијата на Ковид-19, дека постои можност вирусот да бил пренесен врз луѓето од животни, а некои од првите случаи на коронавирус се забележани кај лица кои биле во контакт со пазарот во кинескиот град Вухан, на кој се продавало месо од диви животни, како на пример лилјаци, змии и слично.

Властите во Шенжен, еден од центрите за технолошкиот развој на Кина, најавија дека забраната за консумирање кучиња и мачки стапува во сила на 1 мај, нагласувајќи, меѓу другото, дека таа, исто така, е согласно „барањата и духот на човечката цивилизација“.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски