На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на едно лице му е издадено решенија за изолација, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение.
Во него се наведува дека од страна на полициски службеници извршени се 38 контроли над лица во изолација и 109 контроли над лица во самоизолација. Едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.
-Забраната за движење не ја почитувале осум лица, од нив три се приведени и три се опоменати. На пет лица им се земени податоци и ќе следуваат соодветни поднесоци. Поднесени се две известувања и девет кривични пријави по чл.206 од Кривичниот законик. Контролирани се вкупно 161 објект, се вели во соопштението од СВР-Штип.