Трошоците на живот мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка во март годинава во однос на февруари бележат раст од 0,1 отсто, а во однос на март лани 3,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика во март 2013, во однос на февруари 2013 пораст на индексите е забележан во групите Здравје за 2,2 отсто, Транспорт за 0,7 отсто, Ресторани и хотели за 0,3 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,2 отсто, Рекреација и култура и Останати стоки и услуги за 0,1 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1 отсто, Облека и обувки за 0,7 отсто и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,3 отсто.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: aлкохолни пијалаци, тутун, комуникации и образование.