ЕК ги чека резултатите за ОБСЕ/ОДИХР за оценка на изборите во Македонија

Од:

Европската комисија ќе ги почека оценките на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Македонија, па потоа и ова тело на Европската унија ќе даде коментар. Ова на прашање на дописникот на МИА денеска го истакна Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Според Стано, тоа е редовна пракса на Комисијата и затоа до прес-конференцијата на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија закажана за попладнево, ЕК нема да коментира.

– Комисијата ќе коментира откако ќе бидат објавени официјалните резултати и откако ќе ја видиме оценката на ОБСЕ дури тогаш и ние ќе го кажеме нашиот став, истакна Стано кој потврди дека комесарот Филе утре доаѓа во Скопје во рамки на Четвртата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).

Гласноговрникот на Филе не сака да потврди дали неговиот шеф утре во Македонија ќе се сретне со лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски и да поразговара со него по синоќешните закани за соборување на власта со секакви методи откако неговата партија освои само четири градоначалнички места на локалните избори.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука