Кривична пријава за двајца кичевци за прекршување на полицискиот час

Од:

СВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Ј. (21) и Г.Р. (18) и двајцата од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

-Тие, на 29 март во 18:30 часот, кога на сила била мерката за ограничено движење, биле затекнати на улицата „Методија Стефаноски“ во Кичево, по што биле приведени во полициска станица, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пријавените, како што вели, не се придржувале до мерката за забрана за движење на граѓаните во временскиот период од 16:00 до 5:00 часот заради спречување на ширење на коронавирус COVID – 19, предвидена во одлуката на Владата.

Би можело да ве интересира

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците