Денешните утрински температури во Чешка, кои во западните делови на земјата изнесуваа и до минус 19 степени Cелзиусови, го надминаа рекордот за април стар 16 години, јави дописникот на МИА од Прага.
Најстудено беше на планинскиот венец Шумава на Хорска Квилда каде се измерени минус 19,1 степени, а во јужните делови на Републиката, температурите се движеле меѓу минус три и минус шест степен Целзиусови.
– Во последните денови на март и на почетокот на април, температурите за три до шест степени пониски од просечните, информираше Густав Сисел од Чешкиот хидрометеоролошки завод.
Ниските температури во овој период од годината негативно влијаат на работата на земјоделците, па сеидбата на пролетните култури е одложена за најмалку три недели до четири недели.