Австралискиот Врховен суд следната недела ќе ја соопшти одлуката за жалбата на кардиналот Пел

Од:

Врховниот суд на Австралија следната недела ќе ја соопшти својата одлука на жалбата за ослободување на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуална злоупотреба на деца, јави ДПА.

„Пресудата ќе биде изречена во вторник во Бризбејн“, се наведува во соопштение на судот.

Многу судски постапки се прекинати поради појавата на коронавирусот, што значи дека во судската сала нема да бидат присутни сите што се засегнати во случајот, јавува германската агенција.

Пел (78) во декември 2018 година беше осуден од 12-члена порота за сексуални напади врз двајца 13-годишни хористи во катедрала, сторени кон средината на 90-тите години, во време кога тој бил бискуп во Мелбурн.

Во март 2019 година Пел беше осуден на шест години затвор и казната ја издржува во затворот со максимално обезбедување Барвон, во близина на Мелбурн.

Пел е највисоко рангиран католички свештеник кој е осуден за сексуална злоупотреба на деца. Тој и натаму тврди дека е невин. Пел во минатото бил благајник во Ватикан и близок советник на папата Фрациск.

Во март, по дводневното рочиште пред седум судии во Канбера, Врховниот суд ја одложи жалбата на Пел за поништување на пресудата, најавувајќи ја одлуката за подоцна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа