Среќниот брак може да доведе до дебелеење, покажуваат резултатите на една студија, која појаснува дека задоволните партнери не бараат друга прилика и помалку се трудат околу сопствениот изглед. Значи доколку мажот наеднаш сака да ослабне, тоа не мора да значи дека само сака да биде поздрав.
Задоволните брачни партнери веројатно ќе добијат повеќе килограми, бидејќи се помалку мотивирани да привлечат личност од спротивниот пол, велат американските научници, кои четири години го следеле соодносот меѓу брачното задоволство и тежината кај 169 парови.
Психологот Андреа Л. Мелцер, која го предводеше истражувањето, тврди дека задоволните сопружници помалку размислуваат за „излети“ од бракот и повеќе се здебелуваат.
– Од друга страна паровите, кои се помалку задоволни во бракот имаат помала можност да се здебелат, тврди таа.
Резултатите од истражувањето, спроведени на Универзитетот Саутерн Методист во Далас се спротивни на тезата, која говори дека квалитетот на односот добро влијание на здравјето. Мелцер додава дека и претходните истражувања нагласуваат дека бракот е поврзан со дебелеењето, а разводот со слабеењето.
Во периодот од четири години 169-те млади брачни парови два пати годишно биле испитувани за нивото на задоволството во бракот и следен е индексот на нивната телесна маса.