Дејвид Бекам, идол, модел за долна облека, татко, сопруг во последниот број на „Дејли мел“ има најнова улога – туристички водич низ Велика Британија за време на престојните Олимписки игри во Лондон.
Познатиот фудбалер подготвил своја „Топ 10“ листа на локации во Велика Британија што треба да се посетат за време на Олимписките игри, а меѓу нив се и омилените места во кои уживаат тој и неговата сопруга Викторија со децата.
Богатството на Бекам се проценува на повеќе од 160 милиони фунти, но сите што ќе посакаат да си играат малку „Бекам“ ќе можат тоа да го сторат преку прошетка низ неговите препорачани совети. На пример, ќе можат да го пробаат утринскиот појадок за само 3.5 фунти, омилен на поранешниот капитен на националниот тим на Англија.
Тој израснал во Есекс, но семејството претходно му живеело во источниот дел на Лондон Бекам и за појадок ви ја препорачува традиционалната пита и пире од компири.
Тој го издвои локалот „Tony Lane’s pie and mash“ во Ексес, негова честа дестинација во последните осум години.
Другите препораки се забавните паркови што мораат да се посетат заради децата „Alton Towers“ i „Stoke’ and Thorpe пark“ што се наоќаат надвор од Лондон, затоа што тој како татко многу добро знае што мора да се направи заради децата.
Бекам вели дека Велика Британија е позната и по своите природни убавини и предлага „здрава прошетка“ во природата. Целта е семејствата да поминат повеќе време на свеж воздух во еден од лондонските паркови.
Не смеете да пропуштите да ја видите и кралската Бакингамската палата, која се наоѓа во срцето на Лондон.
Вака поточно изгледа неговата маршута:
1. Посети ја Бакингамската палата;
2. Пробај ја храната во Источен Лондон;
3. Направи турнеја низ стадионите „Old Trafford “ и „Wembley“;
4. Земи малку свеж воздух во еден од Кралските паркови како Хајдпарк или„Регент“ или „Ричмонд“;
5. Голф во „Сент Ендрјуз“;
6. Шопинг во Северниот дел на Манчестер, или во „Portobello“, „Spitalfields“;
7.Однеси ги децата во „Торп“ забавниот парк на една „Хари Потер“ – тура;
8. Појди на театар и посети ги преставите како „Воен коњ“ или „Момците од Џерси“;
9. Ручек во рестораните „Ceconnis“ или „NOPI“ во Лондон;
10.Прошетај низ селата покрај лондон и застани во некој локален паб.