ВИДЕО: Медицинска сестра од Куманово два дена одела на работа со коронавирус и била без симптоми

Од:

Четири вработени во штипската болница ќе бидат во самоизолација, бидејќи биле во контакт со пациентка на возраст од 80 години, која е позитивна на коронавирус. Во Куманово, пак, медицинска сестра вработена на Клиниката за пулмологија дошла на работа без симптоми, за вчера, да има зголемена температура и да биде позитивна на коронавирусот.

„Има пациентка од Штип која била таму примена за првпат на 26 март, првиот брис е негативен и тогаш е пратена на консултација и вратена назад од Скопје. Пациентката има 80 години, се лекувала на Одделението за Инфективни болести, меѓутоа, има влошување на состојбата. На 30 е повторно упатена на инфективната клиника. Тестот е позитивизиран, а заради внимание четири медицински мица ќе бидат во самоизолација, тие се асимтоматски. Направена е прераспределба на медицинските сестри, осум дополнителни ќе ротираат во Штипската болница, на Одделението за инфективни болести за да се надохнади персоналот кој ќе биде во самоизолација“, посочи министерот Венко Филипче.

Во изминативе два дена, медицинската сестра од Куманово работела со заштитна опрема, но интервјуирани се нејзините колеги кои имале контакт.

„И една медицинска сестра од Куманово, која е на работно место на Клиниката за пулмологија, минатата недела била во резервен тим, без никакви симптоми дошла на работа во понеденикот. Вчера почуствувала зголемена телесна температура, земен е брис, позитивна е на вирусот. Во изминативе два дена, на клиниката била со целосна заштитна опрема и маска и ракавици. Направени се интервјуа со колегите, медицинските сестри и ќе се постапи согласно податоци“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски