Европските акции во пад и на почетокот од новиот квартл

Од:

Европските акции првиот трговски ден во новиот квартл забележаа пад откако економските податоци од Азија укажаа на трајна штета од пандемијата со новиот коронавирус и предизвикаа страв од длабока глобална рецесија.

Паневропскиот индекс СТОКС 600 утрово забележа пад од 2,4 отсто по вчерашното завршување на најлошиот квартл во последните 18 години.

Мерките преземени за запирање на ширењето на Ковид-19 ја запреа и деловната активност и ја зголемија заканата за губење на компаниите и масовни отпуштања на работниците.

Во март, според денешните податоци, фабричката активност во поголем дел од Азија била во пад, бидејќи пандемијата го парализира синџирот на снабдување, при што извозот на Јапонија и на Јужна Кореја го засени умереното подобрување на економската активност во Кина.

Индексот на најликвидни акции на Лондонската берза ФТСЕ 100 денеска забележа пад од 2,5 проценти, додека акциите на финансиските комании се намалија за 7,0 отсто, откако голем број на банки во Велика Британија ја стопираа исплатата на дивидента со цел да ја зголемат ликвидноста.

Би можело да ве интересира

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Курсот на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во повеќе од една година

Доларот ослабе, курсот на еврото над 1,10 долари

Катерина Ѓуровски

Московската берза повторно работи: Проблемот е предизвикан од софтверска грешка

Московската берза го прекина тргувањето

Доларот зајакна, цената на нафтата падна