Израел го затвори граничниот премин со Газа, откако беа исфрлени ракети на јужната израелска територија, на ден кога еврејската држава го одбележува Денот на холокаустот.
Полицијата соопшти дека го затворила граничниот премин за транспорт на робата Керем Шал, а дека другиот премин ќе биде отворен само за хуманитарни цели.
Израел ја држи палестинската територија под блокада од средината на 2007 година, кога исламистичкиот Хамас со сила ја презеде контролата над неа.
Израелската полиција соопшти дека вчера неколку ракети биле исфрлени од појасот на Газа, додека траела церемонијата во сеќавање на шесте милиони Евреи, убиени во холокаустот во Втората светска војна.
Елена Георгиевска