СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се откажат од парите од Буџетот, сега е потребна одговорност, а не популизам и политикантство

Од:

„Додека државата, сите институции и граѓани се борат со здравствените и економски последици од коронавирусот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да ги напуштат теснопартиските интереси и да се стават во функција на справување со кризата.

Наместо политиканство и гол популизам, наместо паушални изјави, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да дадат реален придонес во борбата против коронавирусот и мерките за заздравување на економијата“, велат од СДСМ.

„Сега е време на одговорност и солидарност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да излезат и јавно и јасно да се откажат од парите од Буџетот што и следуваат на опозициската партија, а парите да се искористат за помош во справувањето со негативните импликации врз економијата.

Во спротивно само ќе се потврди лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, едно да зборуваат а сосем друго да прават.

Без разлика на ова несериозно и незрело однесување на Мицкоски, СДСМ продолжува одговорно да се однесува, во интерес на граѓаните, на нивна заштита и справување со економските последици.

СДСМ останува на страната на граѓаните и државата, на страната на јавното здравје, на страната на економијата.

Покажавме дека можеме да се справуваме со предизвиците, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со овој предизвик кој е и здравствен и економски“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски