Абас: Палестинците нeма да ги обноват мировните преговори се додека Израел не ја запре политиката на населување

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас на средбата со американскиот државен секретар Џон Кери, во Рамала, изјави дека Палестинците нема да ги обноват блискоисточните мировни преговори се додека Израел не ја прекине изградбата на населби на окупираните територии, соопштија руските медиуми.

Абас изјави дека Палестинците имаат желба да соработуваат во меѓународните напори за постигнување мир, но ќе се вратат на масата за преговори кога Израел ќе ја запре „изградбата на незаконски населби и ги ослободи сите затвореници, особено оние кои биле затворени до потпишувањето на спогодбата од Осло“.

Тој побара израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „пред да почнат преговорите, да ја претстави картата со идните граници на палестинската држава“.

Абас подвлече дека Палестинците „се стремат кон држава во границите од 1967 година со главен град Источен Ерусалим“, забележуваат руските медиуми.

Последните директни преговори брзо пропаднаа на крајот на 2010 година заради спорот за изградбата на еврејски населби на териториите заземени од Израел на крајот од војната во 1967 година, кои Палестинците ги бараат за своја држава, посочуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН