Парична казна од 1000 евра за непочитување на здравствените прописи во Дебар

Од:

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информира Обвинителството, на 29 март, обвинетиот 27-годишен жител на Дебар не се придржувал до прописите и наредбите со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19. Имено, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, тој се движел во близина на зградата на Општина Дебар за време на полицискиот час.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот суд Дебар да му изрече парична казна на обвинетиот. Постапувајќи по ваквиот предлог, Судот го прогласи за виновен и на обвинетиот му е изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба е определена на 10 евра во денарска противвредност​.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on