А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Македонското знаме се вее пред седиштето на Алијансата, се потврдија нашите исправни и успешни политики

by А1он31/03/2020 - 09:14182
Share0

„Во време на сериозна светска здравствена криза, Република Северна Македонија пишува нова историја, после долги години конечно оствари една од стратешките поставени уште во 1991 година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Нашата држава 30 земја членка на најмоќниот, најзначајниот военобезбедносен сојуз на светот – НАТО алијансата.

Граѓаните на Северна Македонија денес се еднакви и рамо до рамо со најмоќните и најсилните земји во светот“, велат од СДСМ.

„Македонското знаме гордо се виори меѓу другите 29 земји од семејството на Северноатлатнската алијанса.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сите граѓани денес се сведоци на огромниот успех кој го постигнавме за само 2.5 години.

Ова е уште едно признание за одговорните и успешни политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев. Од заробена држава до светол пример во регионот, земја партнер на демократскиот свет.

Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.

Нашата држава продолжува по патот кон успесите, градејќи уште подобро општество и уште подобар живот за сите наши граѓани. Држава која ќе остане искрен и добар сосед со сите земји во нашиот регион, држава која што ќе ги зајакне своите капацитети и која ќе биде партнер на сите наши НАТО сојузници во глобалните предизвици за чување на мирот.

Иако во моментов се бориме со невидливиот пријател коронавирусот, убедени сме дека по совладувањето на здравствените и економските последици, храбро и сигурно ќе ја реализираме и нашата друга стратешка цел – полноправно членство во ЕУ“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Горан Наумовски27/10/2026 - 15:13

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:24

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:21

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 10:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео