Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование ќе почнат со онлајн предавања

Од:

Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование од денеска ќе започне со онлајн активности преку организирање на сесија предавања од областа на јавните политики за безбедноста и меѓународни односи за студентите од Факултетот за безбедност-Скопје и другите факултети од земјата кои следат предметните програми за безбедносни политики, безбедносни стратегии, креирање на јавни политики и современи теории и концепти за безбедност.

Целта, како што информираат од од Факултетот за безбедност-Скопје, е поттикнување на активностите во високото образовните и во овие вонредни околности со цел мотивирање на студентите преку електронска комуникација. Сесиите ќе вклучуваат предавања и дискуии од професори од земјата и странство, споделување на практики за донесување одлуки, пишување трудови, симулации и евентуални посети на институции кога ќе се создадат услови за тоа.

Во првата сесија ќе говорат проф. д-р Марјан Ѓуровски проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје и проф. д-р Горан Илиќ, декан на Правниот факултет при УКЛО.

-Потребен е сеопфатен и систематски пристап кон креирање јавни политики засновани врз принципите на човекови права, инклузивност и опфаќање на широк спектар на проблеми и сектори, воедно да одговори на глобалните ризици и закани. Затоа ќе се започне дискусија за тоа како досега се подготвувале и донесувале јавните политики од областа на безбедноста и меѓународните односи во Република Северна Македонија и воедно прашањето за нивно преиспитување, велат од Факултетот за безбедност-Скопје.

Темите кои ќе бидат опфатени се: преиспитување и подобрување на јавната политика, евроатлантски прашања и проширување, либерални демократии и вредности во теорија и практика; и тековни актуелни теми од областа на јавните политики за глобалните предизвици и ризици. Програмата е наменета за студенти од Факултет за безбедност и сите други студенти заинтересирани од Универзитетот може да се вклучат преку нивно пријавување. Програмата е многу тесно поврзана со целите на стратегија на земјата за интеграција поврзани со безбедноста, ризиците и членството во меѓународните организации. За време на презентациите, студентите ќе имаат можност меѓу другото да стекнат повеќе знаења за различните поделби на моќ низ целата земја и светот.

За своите активности и следења на предавањата и понатамошна практична работа студентите ќе добијат Сертификат од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро