Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува неговиот руски колега Владимир Путин да побара укинување на санкциите на САД за време на претстојниот телефонски разговор.
– Да, тој веројатно ќе го побара тоа, изјави Трамп за „Фокс њуз“.
Трамп не кажа каков ќе биде неговиот одговор, истакнувајќи дека тој ги воведе санкциите против Русија.
– Тие не го сакаат тоа. Искрено треба да можеме да се сложиме, изјави тој.