ДИК: Коце Трајановски 62,93 отсто, Јани Макрадули 33,61 отсто

Од:

Според податоците што сукцесивно ги објавува ДИК на својата веб-страница по преброени 77,05 отсто од избирачките места, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски води со 62,93 отсто, пред неговиот противкандидат од СДСМ Јани Макрадули со 33,61 отсто од гласовите.

Во Центар според резултатите од 22,73 отсто од избирачките места води Андреј Жерновски од СДСМ со 52,97, наспроти Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ со 44,04 проценти.

Во Чаир од преброени 32,26 отсто од избирачките места Изет Меџити од ДУИ освои 67,53 проценти, а Мухамет Тачи од ДПА 22,58 проценти од гласовите.

Во Ѓорче Петров од преброени 66,67 отсто од гласовите за Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ гласале 50,53 а за Александар Наумовски од СДСМ 46,04 отсто од гласачите.

Во Бутел според резултатите од преброени 94 проценти од избирачките места води Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ со 64,18 отсто пред Коста Начевски од СДСМ со 33,04 проценти.

Во Карпош од 70,97 отсто од преброените гласови за Стевчо Јакимовски од Српската напредна странка гласале 63,48, а за Андреј Петров 27,99 проценти од избирачите.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски