(ВИДЕО) Калеска-Ванчева: Мицкоски да се откаже од парите од Буџетот, ова е борба за здравје и живот

Од:

„Додека целата држава, институциите, граѓаните, сите се борат против коронавирусот, само Христијан Мицкоски се бори само за партиски профит и шири невистини.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно не се откажуваат од народните пари кои од Буџетот ги добиваат политичките партии.

Во време кога е важен секој денар, кога треба да се покаже одговорност, од ништо не е спремен Мицкоски да се откаже“, вели Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

„За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не е важно здравјето за граѓаните, не е важно надминувањето на економската криза. Единствено што им е важно е касата во белиот дворец да биде полна.

Од истиот дворец од којшто секојдневно шири невистини, без докази врши притисок врз институциите кои се борат со сите сили против коронавирусот.

Мицкоски треба да се засрами неговото однесување е ниско и неодговорно. Ниту еден политичар од самостојноста досега не се однесувал вака во време на криза.

Кога веќе не е способен да помогне, Мицкоски треба да престане неосновано да ги напаѓа институциите, да ги истура своите фрустрации врз граѓаните.

Мицкоски, ова е борба за здравје и живот, ова не е борба за твојот политички опстанок.

Без разлика на ваквото однесување на Мицкоски, СДСМ ќе продолжи одговорно да се однесува, во интерес на граѓаните, на нивна заштита и справување со економските последици.

СДСМ е на страната на граѓаните и државата. Во овие тешки времиња, потребна е солидарност и меѓусебно помагање, заедништво и здружена акција против коронавирусот.

Уште еднаш упатуваме благодарност до сите кои се борат против коронавирусот и апелираме да се почитуваат сите мерки и препораки од надлежните институции.

Покажавме дека можеме да се справуваме со предизвиците, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со овој предизвик, здравствен и економски“, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“