СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со очајни обиди за профитирање, да се откажат од парите од Буџетот

Од:

„И во време кога државата и граѓаните се соочуваат со здравствена и економска криза, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат единствено за личните и партиските интереси.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно не се откажуваат од средствата од Буџетот што им припаѓаат преку Законот за финансирање на политички партии“, велат од СДСМ.

„Одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се откажат од финансирањето од државата уште еднаш покажа дека за нив не е важно здравјето за граѓаните, не е важно надминувањето на економската криза. Единствено што им е важно е касата во белиот дворец да биде полна.

Нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна повикуваат на штедење а од друга страна не се откажуваат парите од државата да се пренаменат за помош на здравството, за помош на работниците од економската криза.

СДСМ повика и повикува, сите партии да се откажат од финансирањето од Буџетот предвидено за оваа година, а парите да се префлрат во фондот за справување со кризата. Станува збор за значителни средства кои ќе помогнат во справубвање со економските последици од коронакирзата.

Ова е време кога е потребна солидарност и меѓусебно помагање, вредности кои и во ваква криза остануваат непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“