Електрани на Северна Македонија симболично ги раздвои елементите во своето корпоративно лого во насока на подигање на јавната свест за потребата од социјална дистанца во услови на пандемија.
Пораката на логото, како што соопштија од ЕСМ, е „Да се држиме заедно, но да одржувамe дистанца“.
– АД ЕСМ секојдневно ги охрабрува своите вработени да ги почитуваат сите препораки на надлежните органи, со цел што побрзо да ја надминеме кризата и предизвикот со кој сме соочени, се вели во соопштението