СДСМ: Во овие тешки времиња, ги остваривме децениските стратешки цели на државата, станавме членка на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ

Од:

„Успешните политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев за само 2,5 години добија конкретна потврда, Република Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО, Република Северна Македонија започнува преговори за членство во ЕУ.

И во овие тешки времиња, кога светот се соочува со пандемија од невидени размери, успеавме да ги оствариме децениските стратешки цели на државата, станавме членка на НАТО сојузот , добивме позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ, добивме признание за истрајноста, спроведените реформи, капацитетите и политичката волја на нашите институции“, велат од СДСМ.

„Политиките на СДСМ ја обезбедија иднината на нашата држава. Гарантирана е нашата стабилност, безбедност, отворени се можностите за демократски развој, напредок, економски просперитет, нови работни места, инвестиции.

Државата, граѓаните, добија признание за храбрите и тешки политички одлуки кои ги донесе Владата и владејачкото мнозинство во Собранието предводени од СДСМ за решавање на долгогодишните спорови со нашите соседи Грција и Бугарија.

Ова е уште една потврда дека само заедно, сплотени, солидарни и поврзани можеме да дојдеме до заедничката цел.

Сега солидарни и сплотени ќе се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он