Се дезинфицираа улиците во Жданец и Трнодол

Од:

Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги миеја и дезинфицираа улиците во населбите Жданец и Трнодол. На терен работеа две цистерни на локалната самоуправа, а улиците се миеја со посебно средство за дезинфекција на јавни површини, соопштија од Општина Карпош.

Од Општината наведоа дека активноста се спроведува во повеќе наврати, во сите 14 урбани заедници.

„Општина Карпош ги набави овие цистерни на почетокот на годината и независно од актуелната состојба со корона вирусот, истите секојдневно работеа, со цел да се подигне нивото на јавна хигиена. Периодов, само се интензивираше работата на комуналните служби со цистерните, при што, улиците се мијат и дезинфицираат во две смени. На терен се работи и со две машини за миење под висок притисок (т.н. вапови), кои служат за чистење и миење на тротоарите, платоата и плоштадите, а се користи и рачен вшмукувач за лисја и ситен отпад. Со оваа опрема се чисти и на пофреквентни места, информираа од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски