Не се плашете да бидете христијани, изјави поглаварот на Римокатоличката црква Френсис пред околу 100.000 верници, кои се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим за да го добијат неговиот неделен благослов.
– Не треба да се плашиме да бидеме христијани и да живееме како христијани. Треба да покажеме храброст и гласно да го објавиме воскреснувањето на Исус Христос, истакна 76-годишниот папа.