СДСМ: Исполнета е нашата стратешка цел, станавме 30. членка на НАТО, сојузници сме со најмоќните држави во светот, обезбедена е нашата иднина

Од:

Нашата стратешка цел е исполнета, Република Северна Македонија стана 30. членка на НАТО.

Во овие тешки моменти на голема здравствена криза, македонските граѓани имаат причина да бидат горди и среќни.

Исполнета е нашата стратешка цел, станавме сојузник со најсилните држави во светот.

Храбрите и успешни политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев постигнаа огромни резултати.

Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија немаше да биде возможен овој денешен успех.

Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.

Членството во НАТО обезбедува сериозни економски можности и перспективи.

Веднаш по надминувањето на светската здравствена криза со корона вирусот, на нашата земја ќе и се отвори пазар вреден четири милијарди евра годишно, но и перспективата со странски инвестиции.

Токму членството во НАТО и отворањето на економските можности за Северна Македонија надвор од границите, ќе преставува олеснување во надминувањето на економските од пандемијата со коронавирусот.

Сега сме исправени пред друг предизвик, сега капацитетите на државата се насочени кон здравјето и животот на граѓаните за заеднички да се справиме со сите опасности од вирусот и да ги намалиме економските штети.

Успесите што ги постигнавме на меѓународен план, членството во НАТО, почетокот на преговори со ЕУ, се мотивација за сите дека заедно можеме да ја победиме и коронакризата и да продолжиме да чекориме по патот на успехот, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион