Од скопските општини најмногу заболени – 27 има во Карпош

Од:

На пошироката територија на Скопје заболени со корона вирус има пријавено во десет општини и тоа во Карпош – 27, во Гази Баба, Кисела Вода и Центар по 20, Ѓорче Петров -11, Аеродром – 8, Сопиште – 7, Бутел – 4, Чаир – 3 и Илинден – 2, информираат од Институтот за јавно здравје.

Заклучно со 26 март пријавени се вкупно 219 случаи на Ковид-19, што е 10,6 на 100 илјади жители.

Според место на постојано живеење, случаи на Ковид 19 се регистрирани во десет градови: Скопје – 134, Дебар – 43, Куманово – 17, Штип – 8, Прилеп – 6, Велес – 3, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Тетово – 2 и Гостивар – 1.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години. Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 51 (23,3%) и 50-59 години – 50 (22,8%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца од 18,0/100.000 жители.

Состојбата со коронавирусот во земјава по општини, вклучително и за градот Скопје е достапна на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски