ВИДЕО: Седум заболени од коронавирус во потешка состојба, ќе се поставува мобилна болница до Инфективната клиника

Од:

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти минситерот за здравство, Венко Филипче. Тој посочи дека таму моментално се лекуваат 41 лице.

„На Инфективна клиника се хоспитализирани 41 случај од кои 7 се во потешка состојба, но тие се респираторно независни, 27 се во средно тешка состојба и 7 имаат поблаги симптоми. Стабилна е состојбата и на пациентите во Штип“, рече Филипче.

Министерот посочи дека е добро што има линеарно покачување на случаите, односно нема зголемување на заболени.

Тој кажа дека во текот на следната недела ќе се постави објект до Инфективната клиника за да се зголеми капацитетот на легла.

„На почетокот на следната недела, се очекува поставување на мобилната болница на просторот до Инфективната клиника. Тука ќе бидат поставени објекти во кои ќе се сместат 130 кревети, со што капацитетот на клиниката ќе се дуплира. Ќе има соодветни тоалети и ходници преку кои ќе се комуницира со клиниката“, рече Филипче.

Болницата која ќе се постави до Инфективната клиника ќе биде земена од Армијата.

„Имавме интензивна комуникација со министерката за одбрана. Целосно излегоа во пресрет луѓето од Армијата, понатаму Градот Скопје го обезбеди просторот каде ќе биде сместена. Сметаме дека треба да биде блиску до Инфективната клиника, за да има врска сува врска со неа, како и да можат вработените да ротираат. Секогаш се на располагање медицинските лица од другите клиники“, додаде Филипче.

Во однос на шпекулациите дека Министерството за здравство не ги соопштува сите случаи на заболени од коронавирус, министерот Филипче вели дека не смее да постои ниту најмал сомнеж.

„Не треба да се има ниту најмал сомнеж дека не се споделуваат точни бројки. Не може да биде поинаку. Тие бројки ги споделуваме и со СЗО. Нема простор за манипулација“, рече Филипче.

До вчера се направени 1800 тестови за коронавирус во цела држава.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски