Побарувачката на вино во Италија достина историски минимум поради економската криза и промените во потрошувачките навики, објави земјоделската асоцијација Колдирети.
Потрошувачката е намалена за 22 проценти во последните 10 години и е најниско ниво од 19. век, посочуваат од Асоцијацијата.
Во Италија во 2012 година се испиени 22,6 милиони хектолитри, во споредба со двата најголеми производелите САД каде се испиени 29 милиони хектолитри и Франција со 30,3 милиони.
Во анкета спроведена од Колдирети, 32 проценти од испитаниците посочиле дека пијат вино само кога има некој повод, 18 проценти конзумираат една или две чаши неделно, а шест проценти не пијат вино.