ЦИВИЛ: Нерегуларности, инциденти и притисоци

Од:

Набљудувачите и активистите од работните групи за превенција на ЦИВИЛ
укажуваат на нерегуларности и инциденти.

Од Цивил информираат дека на гласачкото место 2164 е регистриран  обид за фотографирање.
Партиски активисти стојат пред избирачките места и вршат притисок врз гласачите.

Во Ѓорче Петров на гласачкото место 2556, имало обид за фотографирање на гласачкото ливче.

Во општините Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош во Скопје, и во Тетово се крши законскиот
изборен молк со дистрибуција на флаери од партии и кандидати.

Во Капиштец, во Центар, има јавно прозивање на гласачите .

На гласачкото место број 2593 во Карпош починато лице се наоѓало на избирачкиот список, а истото лице било насписокот и во првиот круг на гласањето.

Во Струмица, информираат е посебно тензично и има засилено полициско присуство.

Во Чаир, партиски активисти во избирачките места имаат листи и евидентираат гласачи.

Од ЦИВИЛ информираат и за притисок врз нивни набљудувачи.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме