Опрема за автоматска дезинфекција на возила изработуваат професори од „Наце Буѓони“

Од:

Професори од средното техничко училиште „Наце Буѓони” во Куманово со поддршка на Општината изработуваат опрема за автоматски пунктови за дезинфекција, објави кумановскиот градоначалник.

Опремата ќе биде поставена на дванаесетте влеза и излеза во Куманово. Уредите ќе овозможат автоматска дезинфекција на автомобилите кои влегуваат и излегуваат од градот.

– По иницијатива на градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, ние како ОСТУ „Наце Буѓони“ се вклучивме во изработка на апаратура за автоматска дезинфекција на автомобилите коишто влегуваат на територијата на општина Куманово. Во изработката се вклучени Александер Цветков, Србољуб Личиќ и Новица Ѓорѓевски, дипломирани електоинженери, и Бобан Мaксимовски и Ненад Петковски, дипломирани машински инженери, професори во училиштето. Слична апаратура има и во општина Кавадарци со која разменивме мислење и искуство, изјави Драган Јаневски, директор на училиштето „Наце Буѓони“.

Општина Куманово обезбедува поголем процент од потребната опрема, а дел обезбедува и училиштето.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски