ВМРО-ДПМНЕ: Заради Заев, 10 илјади работници за една недела престанаа да одат на работа

Од:

„Мерките на СДСМ се навреда за интелигенцијата на граѓаните на Република Македонија.

Не е солидарност кога својата неспособност владата ќе сака да ја наплати врз грбот на работниците.

Не е солидарност да се крати плата на работниците, а тие со привремени вработувања да седат дома и да земаат плата.

Не е солидарност кога министрите и директорите кои претходно земале 3 или 4 пати поголема плата ќе рече Заев дека треба да „стиснат заби“ заедно со работниците и да земат минимална плата. Првиве имаат залихи, вторите секој месец им е борба за преживување“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се доцни со мерките во стопанството, а Заев вели дека проактивно делувал. Од таквото негово делување 10 илјади работници за една недела престанаа да одат на работа.

Заев треба да го повлече предлогот за драстично кратење на платите, и да се фокусира владата кон мерки кои ќе дадат резултати.

Треба да се заштити здравјето, но и стандардот на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он