Сметководители заболени од Ковид-19, фелата бара итни мерки за заштита од Владата

Од:

Со Ковид-19 се заразени и сметководители, поради што бараме состојбата итно да се разгледа и ако е можно да се донесат дополнителни мерки за заштита на фелата, соопшти денеска Институтот на сметководители.

Институтот во барањето, кое е испратено до Владата и до Министерството за финансии, нагласува дека сметководителите не се опфатени со владините мерки, а во Законот за вршење сметководствени работи не се предвидени услови за работа во вонредна состојба.

– Ве информираме дека веќе има заразени сметководители со коронавирус, па сметаме дека веднаш треба да се преземат конкретни мерки за вршителите на сметководствена дејност, кои изложувајќи се на ризик од зарзата, се грижат за прибирање приходи во Буџетот на државата, наведува Институтот.

Тој дополнува и дека е потребно да се воведе мерка според која доставата и проткот на документи ќе се одвива исклучиво по електронски пат.

Институтот до своите 11.014 членови веќе издаде препораки – да го скратат работното време, пристапот до канцелариите да го сведат на шалтер без можност за влез на странките внатре, да носат заштини маски и ракавици, задолжително да користат гел за дезинфекија и да држат растојание од 1,5 до два метра, меѓусебната комуникација да им биде електронска, да забранат приватни посети и да користат курирски служби.

Во земјава моментно има 2.158 субјекти кои се занимаваат со сметководствена дејност со вработени вкупно 3.513 лица.

Денеска на прес-конференција и Комората на сметководители побара поддршка од државата. Укажа дека секторот е погоден од економските состојби што ги предизвика коронавирусот, како и дека според досегашните проценки, прометот на услугите е намален до 20 отсто.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски