Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 201 дијагностицирани пациенти

Од:

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови 15 лица од Скопје, четворица од Куманово, двајца од Дебар, еден од Охрид, еден од Штип и еден од Тетово.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

 

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани двајца пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати, велат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски